Дома Топ вести Меси пристигна: Погледнете ја одличната атмосфера на улиците на Мајами (ВИДЕО)

Меси пристигна: Погледнете ја одличната атмосфера на улиците на Мајами (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во вторник пристигна во Мајами пред официјалното потпишување на договорот со Интер.

Меси слета на аеродромот Форт Лодердејл со приватен авион. Шпанските медиуми пренесуваат дека аргентинскиот фудбалер пристигнал на Флорида од Бахамите, каде го поминал својот одмор со семејството.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Аргентинецот (36) претходните две сезони настапуваше за Пари Сен Жермен, а по истекот на договорот со шампионот на Франција, одлучи кариерата да ја продолжи во Интер од Мајами.

Минатата недела американскиот клуб најави настан наречен „Откривање“ за 16 јули на нивниот стадион каде Меси ќе биде претставен како новото засилување на Интер, кој неодамна го презеде аргентинскиот тренер Херардо Мартино.

Меси би требало да дебитира во дресот на својот нов клуб на 21 јули против мексиканскиот Круз Азул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…