Додека чека да потпише нов договор со Барселона, Лионел Меси го продолжи договорот за спонзорство со Адидас.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинскиот фудбалер потврди на Фејсбук дека ја продолжува соработката со производителот на спортска опрема кој е негов спонзор од почетокот на кариерата.
„Среќен сум што ја продолжувам соработката со Адидас“, напиша Меси.
Сепак она што сите го очекуваат е продолжување на договорот помеѓу каталонскиот клуб и Меси којшто истекува во јуни 2018.