Дома Македонски спорт Мак ракомет Манхајм му се поклони на Вардар – „црвено-црните“ му одржаа лекција по ракомет на Рајн Некар!

Манхајм му се поклони на Вардар – „црвено-црните“ му одржаа лекција по ракомет на Рајн Некар!

0

Tимот на Вардар вечерва одигра одличен натпревар на гостувањето Менхајм против Рајн Некар Левен и стигна до важна победа.

Вардар наметна одлична игра уште од стартот, а домаќинот парирарше неколку минути (до 3:3). Во продолжение следуваше одлична игра на македонскиот шампион, на голот блескаше и Милосављев, па со серија од 1:4 нашиот претставник стигна до 4:7.

Вардар максимално ги користеше своите шанси на германскиот тим не му одеше, тренерот Јакобсен го уфрли и Талески во нападот, но не им помогна многу. Во еден момент од првиот дел Вардар стигна и до предност од 9:16. Во последните минути од полувремето Рајн Некар ја подобри играта па дојде до 12:16, резултат со кој се замина на полувремето.

Второто полувреме донесе нешто поизедначена игра, но вардарци одлично ја чуваа предноста стекната во првото полувреме.

Се играше променливо, а Рајн Некар ниту еднаш се до финишот од натпреварот не дојде до разлика помала од 4 гола.

На -3 Рајн Некар стигна со последниот погодок кога и ги поставија конечните 27:30.

Ова е важна победа за Вардар во борбата за втората позиција. Следен противник на „црвено-црните“ е Веспрем кој гостува во Скопје.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Фелипе Кутињо пристигна во Минхен!

Баерн Минхен многу брзо ќе добие големо засилување, откако Фелипе Кутињо денеска пристигна…