Дома Македонски спорт Мак баскет Меморијален турнир во кошарка во чест на Горан Димоски

Меморијален турнир во кошарка во чест на Горан Димоски

Меморијален турнир во кошарка во чест на прерано починатиот Горан Димоски ќе се одржи од петок до недела во спорската сала „Македонско Сонце“ во ОУ „11 октомври“ во општина Ценар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На турнирот ќе учествуваат 20 екипи и ќе се одвива по формат и правила на ФИБА 3х3.

Горан Димоски беше роден во Скопје на 3 јануари 1996. Студираше на Американ колеџ во Скопје. Почина трагично на 3 март годинава.

„Тој го сакаше спортот со кој и се бавеше аматерски, особено кошарката. Беше хуман човек кој несебично им помагаше на сите оние на кои им беше потребна помош. Беше голем другар и беше секогаш тука за своите пријатели“, истакнаа организаторите на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …