Дома Останати Тенис Медведев со поддршка за Ѓоковиќ: Вакцинацијата е приватна работа

Медведев со поддршка за Ѓоковиќ: Вакцинацијата е приватна работа

Вториот тенисер во светот, Данил Медведев го поддржа Новак Ѓоковиќ во неговиот став да не објави дали е вакциниран или не пред почеток на турнирот во Австралија.

На Австралијан опен ќе настапуваат само вакцинирани тенисери, барем такви се најавите, а Ѓоковиќ не сака во јавност да каже дали примил вакцина.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ми се допадна тоа што го кажа Ѓоковиќ. Тој кажа дека вакцинацијата е приватна работа и дека не сака да го објави тоа, а јас решив да постапам исто како него. Што се однесува до Австралија, таму ќе видиме кој е вакциниран, а кој не. Нема да кажам ниту јас дали сум вакциниран. Но, сакам да играм во Австралија. Правилата се јасни, ако си вакциниран, тогаш ќе играш, а ако не, тогаш две недели во карантин“, вели Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во сериозни проблеми пред осминафиналето на Вимблдон!?

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ повторно се соочува со здравствени проблеми токму во…