Од денес српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално е втор на АТП листата, откако Русинот Данил Медведев го презема првото место.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ваквиот исход доаѓа најмногу поради тоа што Ѓоковиќ не можеше да игра на Австралија Опен, а потоа беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во серијата 500 во Дубаи. Медведев од друга страна стигна до полуфиналето во Акапулко, а таму беше елиминиран од Надал.




На врвот на АТП во овој момент Данил Медведев има 8615 поени, го следи Ѓоковиќ со 8465. Треба да се спомене дека Ѓоковиќ од 14. март ќе се врати на првото место. На третото место е Зверев со 7515 бодови, Надал стигна до четвртото место со 6515 бодови.




Во топ 10 се уште Циципас, Беретини, Руд, Огер-Алиасим и Хуркач.