Изминатиот викенд заврши сезоната во Премиер лигата, а како што се бираат најдобрите така е избран и најлошиот тим, односно фудбалери кои најмногу разочараа.
Во тимот составен од „ЕСПН“ капитен е Хари Мегваер кој во текот на сезоната беше најкритиквуаниот играч и не се прослави во дресот на Јунајтед. Тој е и единствениот играч од тимот на Ерик Тен Хаг, а има дури три од Челзи што е и очекувано ако се погледне каква сезона имаа „сините“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден фудбалер има и од редовите на шампионот Манчестер Сити, Калвин Филипс.
ГОЛМАН: Меслие (Лидс)
ОДБРАНА: Ленгле (Тотенхем), Војновиќ (Саутемптон), Мегваер (Манчестер Јунајтед), Кукуреља (Челзи)
СРЕДЕН РЕД: Филипс (Манчестер Сити), Шелви (Нотингем Форест), Армстронг (Саутемптон), Хаверц (Челзи)
НАПАД: Ричарлисон (Тотенхем), Обамејанг (Челзи)
Кога се најдобрите во прашање пред неколку дена за играч на сезоната беше избран Ерлинг Халанд, додека Давид Де Геа го доби признанието „Златна Ракавица“.