ПСЖ поради тоа сакаше да го продаде веднаш, но Мбапе одби да замине во Саудиска Арабија, бидејќи сака трансфер во Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот одлучи да го суспендира и не го вклучи во составот за претсезонската турнеја низ Азија. Тој не се најде на списокот на тренерот Луис Енрике ниту за воведниот меч во Лига 1 против Лориен.
Сепак, на напаѓачот подоцна му беше дозволено повторно да тренира со првиот тим, а минатиот викенд се појави на теренот против Тулуз, постигнувајќи гол при ремито 1:1.
Мбапе преферираше следното лето да се пресели во Реал како слободен агент за да добие бонус од 130 милиони евра, но сега е спремен да седне на преговарачка маса со ПСЖ.