Дома Топ вести Мбапе во Премиер лигата не би бил ниту во топ 10 по висината на платата

Мбапе во Премиер лигата не би бил ниту во топ 10 по висината на платата

Реал Мадрид пред неколку дена го потврди трансферот на Килијан Мбапе кој веројатно ќе биде најголемиот ова лето.

Французинот од 1 јули и официјално ќе биде нов член на Реал Мадрид, се е потпишано и договорено, а интересно е што неговата плата во Реал Мадрид ќе биде помала од онаа во Пари Сен Жермен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секако дека се работи за астрономска сума од 290 илјади евра неделно и тоа е нето сума, а интересно е и колку играчи имаат поголема плата од овој фудбалер, посебно во Премиер лигата.

Кевин Де Брујн има плата од 400 илјади фунти неделно, Ерлинг Халанд 375 илјади, потоа Касемиро од Јунајтед и Салах од Ливерпул и двајцата имаат по 350 илјади фунти неделно.

По нив следуваат играчите на Челзи, Рахим Стерлинг и Ромелу Лукаку, и двајцата вредни 325.000 фунти.

Бернардо Силва, Џек Гралиш и Маркус Рашфорд се на исто ниво со по 300.000 фунти неделно, додека Каи Хаверц има 280.000 фунти, што е околу 329.000 евра.

Сепак, треба да се знае дека Мбапе доби и дополнително 100 милиони евра бонус само за потписот и тие ќе бида распределени по 20 во наредните пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Медиумите по потписот го потсетија Ракитиќ на изјава до 2006 година

Хрватскиот ветеран Иван Ракитиќ и официјално беше претставен како нов фудбалер на Хајдук о…