Дома Останати Кошарка НБА Мајами со голем пресврт во последната четвртина до нова победа против Бостон! 🎥

Мајами со голем пресврт во последната четвртина до нова победа против Бостон! 🎥

Tимот на Мајами продолжува со одличните настапи во плеј-офот во Нба и дојде на само две победи од големото финале откако изминатата ноќ на гости го совлада Бостон со 111:105.

Мајами во доигрувањето се пласираше преку плеј-ин турирот, но сега играат одлично против тимот кој беше фаворит во оваа серија. Во натпревар со неколку пресврти успеаа да слават и да поведат со 2:0. Имаше Бостон и двоцифрена предност од 89:77 на почетокот на последната четвртина, но на крајот сепак останаа без победа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


И во овој натпревар Џими Батлер беше предводникот на Мајами со 27 поени, а зад него следеше Кејлеб Мартин со 25 и Бем Адебајо кој дојде на чекор од трипл-дабл со 22 поени, 17 скока и девет асистенции. Во редовите на Бостон, Џејсон Тејтум беше најефикасен со 34 поени, 13 скока и осум асистенции.

Во ноќта која е пред нас Ла Лејкерс ќе игра против Денвер, тука тимот на Јокиќ исто така има 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…