Дома Фудбал Италија Матиќ: Во Рома сум поради Мурињо

Матиќ: Во Рома сум поради Мурињо

Немања Матиќ денес и официјално беше претставен како ново засилување на Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


33-годишниот играч за врска изјави дека во Рома дошол поради Мурињо, со кого соработуваше во Манчестер Јунајтед и Челзи.

Со Мурињо се познаваме многу добро и среќен сум што е тука. Тука сум поради него, но среќен сум исто така што сум дел од овој голем клуб. Ќе се обидам да го поминам Лампард како играч со најмногу настапи под Мурињо“, истакна Матиќ.

„По осум и пол години сакав ново искуство. Рома и Серија А е голем предизвик за мене. Можев да останам во Премиерлигата, но се решив за Серија А, лига со многу големи клубови и мислам дека не згрешив. На Јунајтед им посакувам да се подобрат и повторно да освојуваат титули. Не знам кога ќе се случи тоа, но бев среќен таму“, додаде Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арнаутовиќ направи хаос: Целосно ја загуби контролата, тргна да се пресмета со противниците (Видео)

Вистинска драма беше видена во последното коло од групната фаза на Светското првенство, ка…