Немања Матиќ минатото лето направи изненадувачки трансфер во француски Рен, но неговата авантура в клубот ќе трае многу кратко.
Матиќ ќе ги напушти Рен, а главната причина е што е лут на клубот, бидејќи не го испочитувале договорот за упис на неговите деца во меѓународно училиште во Франција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Матиќ решил да ги спакува куферите и демонстративно да си замине, медиумите го уловија на железничка станица како го напушта градот.
Неговиот престој во Рен дефинитивно е завршен, па сега останува да се види на кој начин двете страни ќе го раскинат договорот.
🚨 Nemanja Matić has left Rennes this morning with his family after already leaving the WhatsApp group at Stade Rennais and clearing out his locker. 🥶
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 10, 2024
Rennes have so far rejected two offers from Lyon, out of principle and reports suggest Matić will retire if they don't agree a… pic.twitter.com/u1uZI7XgV3