Дома Фудбал Модриќ постави рекорд на светските првенства

Модриќ постави рекорд на светските првенства

Хрватска со победа од 2-1 над Гана го обезбеди второто место во групата „Л“ и пласман во нокаут-фазата на Светското првенство, каде ќе се сретне со Португалија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покрај победата, натпреварот донесе и нов историски момент за Лука Модриќ. Капитенот на Хрватска асистираше при победничкиот гол на Никола Влашиќ и со тоа постави нов рекорд на светските првенства.

На возраст од 40 години и 291 ден, Модриќ стана највозрасниот фудбалер кој забележал асистенција на Мундијал, според статистиката што се води од 1966 година.

Досегашниот рекорд му припаѓаше на Тијаго Силва, кој на Светското првенство во 2022 година асистираше за Бразил против Јужна Кореја на 38 години и 83 дена. Зад него останува и легендарниот Роже Мила, кој во 1990 година против Англија запиша асистенција на возраст од 38 години и 51 ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан договори дефанзивец според желбите на Рубен Аморим

Милан треба да се засили во сите линии, а Гонсало Рамош е практично пред доаѓање во тимот,…