Дома Фудбал Останато Мартинез: Немам ништо против Мбапе, многу го почитувам

Мартинез: Немам ништо против Мбапе, многу го почитувам

Голманот на аргентинската репрезентација, Емилијано Мартинез во интервју за „Франс Фудбал“ проговори за скандалозните реакции после освојувањето на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој имаше контроверзна прослава со трофејот, а и упати навредливи скандирања и песни против Мбапе.

„Во цела моја кариера играв со Французи и никогаш немав проблм. Можете да го прашате Оливие Жиру каков човек сум. Го сакам францускиот менталитет и култура. Гестот со трофејот за најдобар голман беше шега со моите соиграчи“.

„Тоа е работа за соблекувалната и не требаше да излезе во јавноста. Кога Франција не победи во 2018 година, се сеќавам дека имаше песни за Меси. Ако го победиш Бразил, ќе пееш за Нејмар. Немам ништо лично против Мбапе, напротив,го почитувам многу“, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…