Дома Фудбал Лига на шампиони Марез: Не знам дали сме најдобри во Европа, ама сме доволно добри да ја освоиме ЛШ

Марез: Не знам дали сме најдобри во Европа, ама сме доволно добри да ја освоиме ЛШ

Фудбалерот на Манчестер Сити Ријад Марез е убеден дека „граѓаните“ оваа сезона можат да ја освојат Лигата на шампионите ако натпреварувањето биде продолжено.

Најелитното клупско европско натпреварување беше стопирано во март поради пандемијата со коронавирусот и во овој момент нема официјални информации кога би можело да се продолжи, се шпекулира дека тоа ќе биде на почетокот на август.

Марез смета дека ако натпреварувањето се доигра Сити може да се надева на историски трофеј.

„Мислам дека е вистинско време да ја освоиме Лигата на шампионите. Имаме силен тим, одличен менаџер, имаме се што треба – спремни сме! Не знам дали сме најдобри во Европа, но сме доволно добри да ја освоиме ЛШ. Натпреварувањето е тешко и секој ја сака титулата и ќе мораме да се помачиме“, изјави Марез.

Манчестер Сити во ова натпреварување во осминафиналето го совлада Реал Мадрид со резултат 2:1 и има добра шанса да се пласира во четвртфиналето.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Милан не му дал четири гола на Јувентус 31 година

Милан синоќа потсети на најдобрите свои денови и оствари сензационална победа над Јувентус…