Дома Фудбал Останато „Марадона ги разубави животите на многумина, тоа е најважното наследство кое го остави“

„Марадона ги разубави животите на многумина, тоа е најважното наследство кое го остави“

Фудбалскиот свет се простува од Диего Марадона, сите кои го познаваа споделуваат анегодоти за него, а останатите зборуваат што претставувал во нивните животи.

Така и Нејмар, ѕвездата на ПСЖ и еден од најдобрите фудбалери на денешницата објасни зошто го смета Диего за најголем.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Марадона претставува фудбал. Кога првпат се заљубив во фудбалот, ги знаев имињата на сите најважни фудбалери и тука секогаш беа Пеле и Марадона. Среда беше многу тажен ден за сите љубители на фудбалот. Тој замина, но остана неговото наследство и мислам дека тоа засекогаш ќе живее во фудбалот“.

„Фудбалот му се заблагодарува на Диего што го избра овој спорт, а јас сум среќен што се занимавам со истиот спорт кој тој го играл. Мислам дека ги допре сите луѓе кои го гледаа како игра, на многумина им ги разубави животите и тоа е најважното наследство кое го остави“, изјави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…