Дома Фудбал Репрезентации Марадона БЕСЕН сака да се врати приложи и ДОКАЗ зошто треба да се врати! (ФОТО)

Марадона БЕСЕН сака да се врати приложи и ДОКАЗ зошто треба да се врати! (ФОТО)

maradona

Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона го истакна своето незадоволство.

Иако се работеше само за пријателска средба, поразот од 2:4 против Нигерија секако дека тешко им падна на Аргентинците и токму поради тоа истакна дека сака да се врати на клупата на Аргентина.

Репрезентацијата на Аргентина сега е предводена од Жорге Сампаоли и пласманот на СП во Русија го обезбеди во последното коло од јужноамериканските квалификации.

„Бесен сум поради нашиот углед. Сакам да се вратам!!“, напиша Марадона на својот Инстаграм профил.

За да го потврди својот предлог, Марадона покрај пораката ја постави и табелата која ја покажува статистиката на сите селектори на Аргентина од 1978 година кога „гаучосите“ стигнаа до освојување на Светското првенство.

Секако, Марадона е на првото место на оваа листа со 75% добиени натпревари во периодот од 2008 до 2010 кога ја предводеше селекцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чави се огласи откако медиумите веќе го прогласија за нов тренер на Барселона

Роналд Куман вчера по поразот од Рајо Ваљекано доби отказ во Барселона, нешто што навивачи…