Дома Фудбал Репрезентации Манчини призна: „Фајнл-форот“ во Лигата на Нации, Италија уште ја боли поразот од Македонија

Манчини призна: „Фајнл-форот“ во Лигата на Нации, Италија уште ја боли поразот од Македонија

Италија вчера на гости ја победи Унгарија со 2:0 и така обезбеди пласман во плеј-офот каде што ќе се бори за трофејот во Лигата на Нации.

Италијанците го освоија првото место во групата која беа уште Унгарија, Англија и Германија. Меѓутоа после натпреварот можеше да се забележи дека „Аѕурите“ не беа пресреќни поради победата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роберто Манчини на прес-конференцијата после натпреварот призна дека се уште ги боли поразот од Македонија во Палермо поради кој останаа без Светското првенство, па Лигата на Нации не некоја утеха за нив.

Манчин порача дека чека само да помине декември и Светското првенство, па потоа ќе му биде полесно.

„Важно е што успеавме да влеземе на „Фајнл Фор“ во Лигата на Нации. Но зад нас останува жал за тој неуспех и не можеме да побегнеме од тоа. Мораме некако да го надминеме декември, само да помине тој месец. Потоа сигурно ќе биде полесно“, изјави Манчини.

„Фајнл форот“ во Лигата на Нации најверојатно ќе се игра во Холандија во јуни наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…