Дома Фудбал Англија Манчестер победи на гости во Европа после 2013, Мурињо задоволен!

Манчестер победи на гости во Европа после 2013, Мурињо задоволен!


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Манчестер Јунајтед синоќа ја победи Зорија со 2:0 и со тоа го обезбеди своето место 32-те екипи кои ќе играат во елиминациската фаза од Лига Европа.

За „црвените ѓаволи“ тоа беше прва гостинска победа во Европа уште од ноември 2013 година кога го победија Баер Леверкузен.

Првиот гол го постигна Михтарјан, скапото засилување на Мурињо кој беше жестоко критикуван на почетокот на сезоната, а Муроњо истакна дека многу се радува за него.

„Тој покажа карактер. Тој сакаше да се бори со тешката адаптација. Хенрик работи напорно како на физички, така и на тактички план. Сите го гледаме неговиот талент, знаевме дека го има, уште кога го купивме. Сега игра добро како во Премиер лигата, Лига Европа и Лига Купот, а голот значи повеќе среќа за него. Многу сум задоволен“, прокоментира Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ди Марија: Заминувам од Јувентус со горчлив вкус

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Анхел ди Марија официјално го потврди заминувањето …