Дома Фудбал Англија Мане: Наша главна цел е титулата во ЛШ

Мане: Наша главна цел е титулата во ЛШ

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане смета дека битката за титулата во Премиер лигата е загубена, па сега основна цел е титулата во ЛШ.

Минатата сезона „црвените“ ја освоија титулата во Премиер лигата после цели 30 години, а сега заостануваат 19 бода зад лидерот Манчестер Сити.

„Нашата цел од почетокот беше титулата во Премиер лигата и во Лигата на шамиони како и ФА Купот. Сега сме далеку од титулата во Англија, иако не се предаваме сепак разликата е голема. Поради тоа нашата основна цел е Лигата на шампиони. Сакаме да ги победиме најдобрите тимови во Европа“, истакна Мане.

Ливерпул го победи Лајпциг во првиот осминафинален меч и се наоѓа на чекор од пласман во четвртфиналето во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…