Дома Топ вести Мане: Бев воодушевен кога слушнав за интересот од Баерн

Мане: Бев воодушевен кога слушнав за интересот од Баерн

Садио Мане вчера пристигна во Минхен и веќе е фудбалер на Баерн Минхен, официјализација на трансферот се очекува во наредните денови.

Мане вчера за првпат и се појави во опремата на Баерн, а сега зборуваше за својот нов клуб.

„Кога менаџерот ми пренесе за интересот од Баерн бев воодушевен, веднаш можев да се замислам себеси во овој тим. За мене ова е вистински клуб во вистинско време. Имав понуди и од други клубови, но чувствував дека Баерн е вистинскиот избор. Станува збор за еден од најголемите тимови во светот кој секогаш се бори за трофеи“.

Новинарите го запрашаа и за Роберт Левандовски кој инсистира на за минување од Минхен.

„Не сакам да се фокусирам на такви работи, дојдов тука поради Баерн и поради резултатите на овој клуб. Ќе направам се за да бидеме успешни и да освојуваме трофеи“, изјави Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Морати: Можев Халанд да го донесам во Интер

Гледајќи го како игра во дресот на Манчестер Сити сигурно дека секоја екипа би посакала да…