Дома Фудбал Останато Мамиќ си поднел оставка од сите функции во Динамо: Не сум повеќе ниту советник

Мамиќ си поднел оставка од сите функции во Динамо: Не сум повеќе ниту советник

Здравко Мамиќ откако вчера беше потврдена пресудата против него, неговиот брат Зоран и уште неколкумина потврди дека си заминува од Динамо во целост.

На денешната прес-конференција тој порача дека си поднел оставка од сите фунцкии од Динамо. Ќе потсетиме, Мамиќ во Динамо од 1992 до 1994 беше како директор, а во 2000 година стана член на извршниот се до 2003 кога стана претседател. Во 2018 година тој побегна во Босна и Херцеговина.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Си поднесов оставка во Динамо. Побарав да бидам разрешен од сите функции, не сум повеќе ни советник на клубот. Моите оставки се неотповикливи и тоа е завршена приказна. За мене Динамо е повеќе од живот. Јас денес славам 50 години во Динамо, секогаш бев таму во некоја улога. Во 1986 го водев навивањето на Динамо кога на „Пољуд“ го победивме Хајдук со 4:0“, се потсети Мамиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …