Toтенхем и Евертон се двата клуба кои се најголеми фаворити за доведување на Бразилецот Малком од Барселона, пишува „Марка“.
Агентот на фудбалерот се сретнал со претставници на овие клубови и наводно им соопштил дека неговиот клиент сака да си замине ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
22 годишниот Бразилец минатото лето пристигна во каталонскиот клуб во трансфер вреден 41 милион евра од Бордо, а сега сака да си замине од Барселона која за неговиот потпис бара 60 милиони евра.
Тренерот Ернесто Валверде не беше премногу за негово доведување и нема намера да му даде значајна улога во тимот и во наредната сезона.
Со Малком се поврзуваше и Арсенал, меѓутоа „топџиите“ изгледа немаа доволно пари за негов ангажман, постои опција како позајмен фудбалер, но тоа не и одговара на Барселона.
Евертон и Тотенхем од друга страна немаат проблем со финансииите и засега се фаворити да го доведат.
Barcelona have informed Malcom's representatives they will only let go of the winger if a big offer comes in. Reportedly, the Catalans are demanding at least €60m for the 22-year-old.
Apparently there is interest from two clubs, Everton and Tottenham Hotspur
[Marca] pic.twitter.com/7bDILu5BTi— Barcelona Worldwide (@BarcaWorldwide) July 17, 2019