Дома Македонски спорт „Малата ѕверка“ Илина продолжува да воодушевува и да реди успеси во Германија

„Малата ѕверка“ Илина продолжува да воодушевува и да реди успеси во Германија

Македонката Илина Соколовска која се натпреварува во ритмичка гимнастика продолжува да реди успеси во Германија.

Илина на натпреварот кој се одржа пред неколку дена во Германија во конкуренција од 17 учеснички го освои третото место и така се пласираше во полуфиналето (место обезбедуваа првите 4). Таа има само 12 години, но поради талентот кој го поседува се натпреварува во повозрасна категорија каде што нејзините противнички имаат 14 или 15 години.

Гррманските медиуми имаат големи пофалби за нашата Илина.

„Се натпреваруваше во конкуренција си поголеми учесницички. Заврши како третопласирана, но разликата помеѓу првата, втората и третата беше навистина мала. Победничката освои 21 поен, втората 20.75, додека Илина на третата позиција имаше 20.65 поени. Со овој пласман успеа да се пласира во полуфиналето во Германија кое ќе се одржи на 14-ти и 15-ти април во Дрезден“, пишуваа Германците.

Се наведува и дека Илина е веќе препознатлива и кога и да се појави на некој настап добива силни аплазуи, а доби и прекар „малата ѕверка“.

Илина потекнува од Скопје, а во Германија живее со своето семејство. На секој натпревар досега освојувала по некоја награда. Минатата година во Украина на нејзиниот прв интернационален настап беше прогласена за принцеза на овој спорт.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гачевски славеше со Комити, а потоа ја „пецна“ Шкендија (фото)

Во дербито на колото Вардар и Шкендија денес ги поделија бодовите одигрувајќи 2:2. На Арен…