Младинскиот репрезентативец на Македонија, Методи Максимов кој досега го носеше дресот на Шкендија се сели вo редовите на австриски ЛАСК од Линц кој веднаш го испраќа на позајмица.
Максимов со ЛАСК потпиша договор до јуни 2028 година, а неговата промоција треба да биде денеска. Но, уште веднаш е договорено една година да помине на позајмица од ЛАСК во Алесунд од Норвешка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата клуба се договорија за позајмица до јануари 2025 година. Максимов во наредните денови ќе ги започне подготовките за новата сезона во Норвешка која стартува на 1. април.
Зад себе Максимов има одлична година во дресот на Шкендија каде што пристигна во јануари 2023 година.