Дома Македонски спорт Мак баскет Македонските кошаркари загубија, но има надеж за влез во елитата

Македонските кошаркари загубија, но има надеж за влез во елитата

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години загуби од БиХ со 76-95 во полуфиналето на Европското првенство дивизија Б, но ќе има уште една шанса за обезбедување место во елитата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвено-жолтите“ одиграа одлично во првото полувреме, беа рамноправен противник и на пауза се замина со изедначени 50-50. Во третата четвртина БиХ направи разлика од 10 поени, а во четвртата четвртина предноста се зголеми за конечни 76-95.

Најдобри поединци во составот на Александар Јованчев беа Гоце Петрушевски со 18 поени и со 8 скока, односно Богдан Мирковски со 13, Марко Миловановиќ со 12 поени и Андреј Андоновски со 11 поени.

Македонија се уште има шанса за пласман во посилната конкуренција, но за тоа ни е потребна победа во утрешниот меч против Русија или Чешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …