Македонската репрезентација оствари важна победа против Швајцарија 29:27 и го избегна последното место во групата на ЕП.
Македонија одигра одлично прво полувреме против Швајцарија, функционираа сите линии, а одличен беше голманот Томовски.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На средината на првото полувреме Швајцарија поведе со 5:4, но потоа следеше серија од 6:0 за Македонија и дојдовме до водство од пет разлика, а на одмор заминавме со 13-9.
Водството го чувавме до 50-та минута кога Швајцарија израмни на 23:23, со голот на Шмид за кого нашата одбрана немаше решение.
На минута и половина до крајот Јагуриноски повторно ја доведе во водство од 28:27, а точна на победата стави Митев за конечни 29:27.
Во отсуство на повредениот Никола Митревски, Мартин Томовски доби шанса од првата минута и беше еден од најзаслужните за победата.