Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија напредуваше за две места на ФИФА ранг листата

Македонија напредуваше за две места на ФИФА ранг листата

Победата над Летонија и ремито со Израел, придонесе македонската фудбалска репрезентација да се искачи за две места на најновата ФИФА листа.

Македонија сега се наоѓа на 69 позиција, со шест бодови повеќе од минатиот рејтинг, зад Кина, а пред селекцијата на Саудиска Арабија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од селекциите пак од нашата група за пласман на ЕП, највисоко рангирана е Полска на 22 место, Австрија е 27, следниот наш ривал Словенија е 58-та позиција.

Има промени и во првите 10. Белгија останува на првото место, но сега Франција е втора пред Бразил. На четвртото место е Англија, па следуваат Португалија, Уругвај, Шпанија, Хрватска, Колумбија и Аргентина.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…