Дома Македонски спорт Македонија добива прв домашен спортски канал!

Македонија добива прв домашен спортски канал!

Македонската радио телевизија (МРТ) ќе започне со емитување на четири нови канали помеѓу кои ќе биде и еден канал за љубителите на спортот.

МРТ во програма ги пушта МТВ 2 – 24 часовна програма на албански јазик, МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма, МТВ 5 – канал за детска програма, а она што ќе ги интересира љубителите на спортот е МТВ 3 – канал за спорт и забава.

Новите канали ќе бидат бесплатни за сите во Македонија и ќе бидат достапни на сите оператори во земјава. МТВ 3 со програма треба да започне да се емитува од 10 април (петок). Кога се останатите канали во прашање веќе од утре ќе започне со емитување МТВ 5, а останатите два ќе се емитуваат од 16. април.

„Отварањето на новите телевизиски канали е реализација на најстратешката определба во програмата за работа на овој тим кој раководи со МРТ. Со пуштање во етер на новите канали очекуваме нашите гледачи да добијат можност за следење на поголем број на различни содржини што опфаќа повеќе целни групи. Во овој период можеби е најзначајно отворањето на детскиот канал каде што ќе понудиме повеќе образовна и едукативна програма за учениците. Исто така, со зголемување на обемот на програмата на албански јазик, како и каналот за останатите етнички заедници ќе се отвори можност што поголем број на програми да се емитуваат на јазиците на нашите верни гледачи“, соопштија од МТВ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Панчев во Швајцарија истрча најмногу во кариерата, ги изеде противниците“

На 29 мај пред 29 година Црвена Звезда го победи Олимпик Марсеј во Бари и стана европски ш…