Дома Македонски спорт Македонецот кој даде луда изјава пред потписот со Левски сега ќе игра во Сиена

Македонецот кој даде луда изјава пред потписот со Левски сега ќе игра во Сиена

Македонскиот напаѓач Денис Махмудов ќе потпише договор со италијанска Сиена.

Сиена е далеку од најдобрите денови кога играше во најсилната италијанска конкуренција и денес се натпреварува во Серија Д. Махмудов минатата сезона го носеше дресот на Пјуник од Ерменија, а врската која го носи во Сиена е газдата на италијанскиот клуб, од неодамна Сиена е во сопственост на бизнисмен од Ерменија.

Последен пат Сиена во Серија А играше во 2013 година, а година подоцна првпат банкротираше, летово дојде и до втор банкрот, па беа исфрлени од Серија Ц иако завршија на петтата позиција.

Инаку Махмудов кој денес има 30 години во центарот на македонската јавност се најде пред пет години кога даде урнебесна изјава пред потписот со Левски од Софија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Седум поени на Димитријевиќ во победата на Хувентуд со Басконија

Во седмото коло од Ендеса лигата тимот на Хувентуд славеше победа против бранителот на тит…