Дома Фудбал Останато Лука Модриќ откри како тајно се сретнал со Абрамович на негова јахта

Лука Модриќ откри како тајно се сретнал со Абрамович на негова јахта

Лука Модриќ денес е фудбалер на Реал Мадрид каде што пристигна од Тотенхем, но неговата фудбалска приказна би можела да биде и поинаква.

Имено, во 2011 година Челзи беше заинтересиран за доведување на Модриќ и сопственикот Роман Абрамович и Мордиќ се сретнале на една јахта на рускиот бизнисмен. Модриќ сегао ткри детали од тој состанок за кој биле превземени сите мерки за ништо да не се дознае.

На крајот на сезоната 2010/2011 Модриќ одлетал во Канес за да разговара за потенцијален трансфер. Откако слетал во Канес се возел 48 километри со автомобил со затемнети стакла. Потоа бил прферлен во брз чамец, а околу него биле телохранители на Абрамович.

„Беше интересно. Околу 20 луѓе кои беа членови на обезбедувањето не дочекаа на бродот. Се беше брзо и организирано. Само што седнавме на една луксузна маса се појави Абрамович“, открива Модриќ.

Со рускиот бизнисмен била и неговата сопруга Даша и неговиот сон. Модриќ забележал колку обезбедувањето било професионално.

„Знаеме дека си квалитетен играч. Сакам да те доведам во Челзи. Дали мислиш дека Тотенхем ќе прави проблеми? Ќе се бори ли да останеш?“, запрашал Абрамович.

„Мислам дека преговорите ќе бидат тешки“, одговорил Модриќ кој имал желба да премине во клуб со поголеми амбиции. 

По разговорот Абрамович си заминал, но му понудил на Модриќ и неговата сопруга која била со него ако сакаат да останат и да се забавуваат. Сепак, Модриќ одлучил и тој да замине.

После состанокот Челзи испратил неколку понуди до Тотенхем, меѓутоа Леви не бил спремен да го продаде. Модриќ остана уште една година за потоа за сума од околу 30 милиони фунти да премине во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…