Дома Фудбал Италија Лукаку објасни зошто ги славел головите со Конте

Лукаку објасни зошто ги славел головите со Конте

0

Интер денес славеше со 4:3 во луд натпревар на „Реџо Емилија“ против Сасуоло.

Со оваа победа Интер се врати на бод од лидерот Јувентус, а посебно расположен за игра беше Ромелу Лукаку кој како и Мартинез постигна два гола.

Меѓутоа иако Интер водеше со 4:1 на крајот стравуваше за победа бидејќи Сасуоло стигна до 4:3.

„Се беше совршено во првиот дел, но второто полувреме не донесе најдобра игра. Требаше се да биде решено при 3:1 или 4:1. Не знам зошто се доведовме во таква ситуација“, изјави Лукаку.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед головите ги славеше така што истрча во прегратка на Антонио Конте.

„Конте и јас сме тимски играчи и кога ќе постигнам гол сакам да го прославам со сите. Давам се од себе на секој натпревар сакам екипата да победува“, порача Белгиецот после натпреварот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фото: Гомез заврши со гребнатини по лицито после судирот со Стерлинг

На тренингот на англиската репрезентација пред квалификацискиот натпревар против Црна Гора…