Дома Останати Тенис Лоши вести за Ѓоковиќ пристигнуваат и од Шпанија

Лоши вести за Ѓоковиќ пристигнуваат и од Шпанија

И понатаму пристигнуваат лоши вести за Ѓоковиќ, сега од Шпанија.

Ѓоковиќ беше депотиран од Австралија, а потоа пристигнаа и информациите дека ќе се бара задолжителна вакцинација и на Ролан Гарос. Најновите лоши вести за Ѓоковиќ доаѓаат од Шпанија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Познато е дека турнирот во Мадрид од Мастерс серијата е како „предигра“ за Ролан Гарос и тоа е турнир на кој играат најдобрите тенисери. Сепак, според последната изјава на премиерот на Шпанија, Педро Санчес тешко дека Новак ќе може да игра.

„Секој спортист кој сака да се натпреварува во Шпанија мора да се придржува до правилата на земјата. Ако тоа се правила кои Владата ги одобрила тогаш тие мора да се почитуваат. Респект и поддршка за таквите мерки и одлуки“, изјави Санчес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова се двајцата потенцијални нови тренери на Алкараз: Едниот играл 21 пат против Ѓоковиќ, другиот бил прв во светот

По објавата дека Хуан Карлос Фереро веќе не е тренер на Карлос Алкараз, многу тениски експ…