Дома Трансфер зона Лондонска битка за потписот на Смолинг

Лондонска битка за потписот на Смолинг

Неколку клубови од Премиер лигата се силно заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг кој игра на позајмица во Рома оваа сезона.

30-годишниот дефанзивец во моментов игра во Рома како позајмен фудбалер и игра одлично оваа сезона. „Волчицата“ прави се од себе за да го откупи неговиот договор, но се чини дека имаат сериозна конкуренција за неговиот потпис.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


За него интерес покажуваат Тотенхем, Евертон и Арсенал, клубови кои ќе водат битка за неговиот потпис ова лето.

Смолинг е во добри услови со Мурињо уште од нивниот престој на „Олд Трафорд“ и тоа може да биде во корист на „спарси“. Засега, фудбалерот не брза да ја реши својата иднина и ќе почека до крајот на сезоната за да ги разгледа сите опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…