Дома Фудбал Останато Лигата на шампионите е опсесија на Халанд

Лигата на шампионите е опсесија на Халанд

Во интервју за британски „Телеграф“ Ерлинг Халанд зборуваше за што сонува отсекогаш.

Нема никаква тајна дека Халанд има посебна мотивација во Лигата на шампионите. Во неговиот прв натпревар во ова натпреварување во победата на 6:2 во дресот на Салзбург постигна хет-трик.

Тој е најмладиот играч на кој му успеало такво нешто, сега Норвежанецот зборуваше за тоа како Лигата на шампионите е неговата најголема опсесија.

„Не престанувам да размислувам за Лигата на шампионите. Секогаш мислам само на тоа. Сакам еден ден да ја освојам, го обожавам звукот на ЛШ. Би било неверојатно за мене еден ден да го подигнам тој трофеј“, изјави Халанд.

Халанд барем уште една сезона ќе игра со Борусија во Лигата на шампионите, но се очекува потоа да ја продолжи кариерата во некој друг европски гигант затоа што за него се интересираат, Реал, Барселона, Јунајтед, Челзи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Покетино го продолжи договорот со ПСЖ

Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино во ПСЖ пристигна во јануари на местото на Томас Ту…