Дома Топ вести Ливерпул ја започнува „операцијата Мбапе“

Ливерпул ја започнува „операцијата Мбапе“

Медиумите на Островот лансираа вистинска „бомба“ и пренесоа дека Ливерпул ќе се обиде ова лето да го донесе Килијан Мбапе на „Енфилд“.

Веќе некое време се шпекулира дека Салах може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, па ова лето може да го напушти Ливерпул.

„Сан“ пишува дека Ливерпул веќе размислува за можноста Салах да го напушти клубот ова лето, и тие сакаат да бидат подготвени за тоа. „Црвените“ бараат замена за Египќанецот и Мбапе ќе биде првата мета.

Во Ливерпул се свесни дека покрај големата конкуренција, проблем може да биде и цената на Мбапе која изнесува минумим 200 милиони евра.

Целиот трансфер може да биде помогнат од компанијата „Најк“ која му е спонзор на Мбапе, а потпиша договор и со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан одлучи, ќе го откупи Томори

Факијо Томори во јануари пристигна во Милан како позајмен фудбалер од Челзи. После повреда…