Дома Фудбал Англија Ливерпул сепак нема да биде исфрлен од Лига купот

Ливерпул сепак нема да биде исфрлен од Лига купот

Ливерпул минатата среда без поголеми проблеми, со подмладен состав гостуваше кај МК Донс во 1/16 финалето од англискиот Лига куп (Карабао куп).

Во тој натпревар Црвените славеа и изборија пласман во осмина финалето каде ќе ги одмери силите со Арсенал.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Меѓутоа, набрзо после натпреварот се појавија шпекулации дека Ливерпул би можел да биде исфрлен од натпреварувањето. Имено, ЕФЛ покрена истрага бидејќи за Ливепрул настапи 22-годишниот Шпанец, Педро Чиривела иако ја немаше потребната дозвола.

Поточно, Чиривела не ја добил меѓународната дозвола за настап, откако се врати од позајмица, но Јирген Клоп го стави во игра против МК Донс.

Истрагата во ЕФЛ е завршена, а Ливерпул сепак нема да биде исфрлен од Лига купот.

Имено, одлучено е Црвените да бидат казнети парично и тоа во износ од 200.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов кикс на Баерн, само реми против Фрајбург

Баерн Минхен освои само бод на гостувањето кај Фрајбург (2:2) и со тоа ја продлабочи криза…