Дома Фудбал Англија Ливерпул до крајот на сезоната нема да игра на Енфилд?

Ливерпул до крајот на сезоната нема да игра на Енфилд?

Многу лесно може да се случи Ливерпул до крајот на сезоната да не одигра ниту еден натпревар на Енфилд.

Британската Влада донесе одлука Премиер лигата да продолжи на 17. јуни. Некои од натпреварите ќе се играат на неутрален терен.

Ливерпул може да биде единствениот клуб кој преостанатите натпревари ќе ги одигра надвор од Енфилд. Причината е стравот од масовни собирања во близина на култниот стадион, пренесува Тајмс.

Црвените се на пат после три децении да станат шампиони во Англија. Пред продолжение на сезоната имаат 25 бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.

Ливерпул до крајот на сезоната како домаќин треба да одигра четири натпревари, а противници се: Кристал Палас, Астон Вила, Барнли и Челси.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Жунињо: Нејмар е алчен за пари како и секој Бразилец

Бразилската легенда, Жунињо Пернамбукано удри по Нејмар кој според него го интересираат са…