Дома Фудбал Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите фудбалери во светот, а во 2014 година успеа на фантастичен начин да ја донесе тогашната голема ѕвезда, Хамес Родригес, на „Бернабеу“.

Хамес Родригес блесна во дресот на Колумбија на Светското првенство 2014 година. Целиот свет зборуваше за неговиот исклучителен талент, а по завршувањето на Мундијалот овој фудбалер заврши во Реал во трансфер од 80 милиони евра.

На „Бернабеу“, Хамес пристигна речиси на филмски начин. Можеше да избере каде ќе оди, имаше побогати понуди на маса, но тој, по разговорот со Перез, реши да дојде во Реал.

Хамес откри како се случило сè. Бил во преговори со ПСЖ и Манчестер сити, сè се движеше кон тоа да потпише за еден од овие тимови со огромни суми на масата. Меѓутоа, непланирано заврши во Мадрид.

„ПСЖ и Манчестер сити ме посакуваа во 2014 година и двете екипи дојдоа со подобри понуди од онаа на Реал. Потоа ме повика Флорентино Перез и се обиде да ме убеди со зборовите: ‘Што сакаш? Пари или слава?’. Му одговорив дека сакам слава, а тој тогаш рече: ‘Во ред, тогаш сè е завршено’“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо воведе нови правила за играчите на Реал: Тоа е здрав разум

Жозе Мурињо, во својот втор мандат како тренер на Реал Мадрид, се обидува да ја врати дисц…