
Денес понудата може да кажеме дека е солидна, а веќе полека влегуваме во официјалната завршница од сезоната. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Мајорка – Овиедо – 1 @ 1.48 во BC.Game
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мајорка ќе мора во последното коло да го „брка“ опстанокот, но за жал исходот не зависи само од нив и триумфот на овој дуел не им гарантира опстанок, бидејќи ќе треба да се надеваат и на кикс од своите конкуренти. Гостите пак ја завршија оваа сезона и следната ќе бидат дел од Сегунда, а да бидеме искрени прикажаа доста лоши резултати и лесно може да се заклучи дека се уште не се спремни за да бидат дел од елитата. Ние овде типуваме 1 со квота 1.48 во BC.Game.
Лацио – Пиза- 1 @ 1.50 во 22Bit
Тимот од Рим оваа сезона може да ја категоризира како просечна. Тие за жал не успеаа оваа година да изборат пласман во Европа, па ќе мора да се задоволат само со навремен опстанок и ништо повеќе. Пиза од друга страна се враќа во Серија Б, а од 37 изиграни натпревари собраа само 18 бода, па воопшто не е чуден ваквиот исход. Ние овде очекуваме Лацио да заврши со победа пред своите фанови, па типуваме 1 со квота 1.50 во 22Bit.
Хал – Миделсброу – ГГ @ 1.85 во 20Bet
Ова е натпревар кој ќе се изигра на неутрален терен на Вембли и кој ќе одлучи за тоа кој ќе патува во Премиер лигата следната сезона. Во официјалното издание од Чемпионшип, Хал заврши на 6-та позиција, додека Миделсброу на 5-то место, па двата тима елиминираат по еден противник за да стигнат до овој финален дуел. Влогот на овој дуел е огромен, па ние затоа и решивме да го избегнеме конечниот исход, а искрено очекуваме голови и тоа најмалку по еден на двете страни. Наш предлог тип е ГГ со квота 1.85 во 20Bet.
Баерн Минхен – Штутгарт – ГГ @ 1.53 во 22Bet
После официјалниот крај на сезоната во Германската Бундеслига, ни следува и финалето во германскиот Куп каде што ќе се сретнат екипите на Баерн Минхен и Штутгарт. Баварците оваа сезона може да ја прогласат како успешна со оглед на тоа што ја освоија титулата во Германија, а сега се на чекор до двојна круна. Швабите од друга страна и тие ја исполнија својата примарна цел, а тоа беше пласманот во Лигата на шампиони, па овој тим ќе го гледаме во друштво со најдобрите екипи од Европа. Ние овде типуваме ГГ со квота 1.53 во 22Bet.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО 22Bet: 6.28
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk