Дома Фудбал Тухел: Изборот не беше листа на 26 најталентирани играчи, туку тим!

Тухел: Изборот не беше листа на 26 најталентирани играчи, туку тим!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, ја информираше јавноста за критериумите според кои го донесе конечниот избор на составот за претстојното Светско првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Составот на Томас Тухел привлече најмногу внимание поради бројните изненадувачки изоставувања. На пат за Мундијалот нема да бидат играчи како Фил Фоден, Кол Палмер, Трент Александар-Арнолд, ниту пак Морган Гибс Вајт и Хари Мегваер.

Германецот имаше прилично тежок предизвик, бидејќи кој и да недостигаше, ќе беше сериозен играч, но селекторот на Англија изгледа уверен во својата работа. По неговите изјави, се чини дека се обидува да ја смири јавноста, која очигледно станала немирна.

Од самиот почеток ние бевме свесни дека ќе пробаме да создадеме најдобар можен тим, а тоа не значи повикување на 26-те најталентирани играчи – истакна Тухел и додаде:

Тимовите се тие кои освојуваат натпревари, а ние можеме да ги постигнеме нашите цели само како колектив. Имаме играчи кои се подготвени и посветени на тимскиот дух и несебичноста.

Германецот напомена дека добро размислил за составот и создал тим што треба да биде подготвен да се справи со различни сценарија.

Тухел истакна дека основниот фокус ќе биде градењето на заедништвото и тимската хемија.

Важна е изградбата на братството кое ќе има посебна енергија, енергија која ќе ја пренесеме на нашите навивачи. Кога ќе го постигнеме тоа, сè е возможно. Ќе се обидеме да го освоиме ова првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола разоткрива – Единственото нешто што го жали од неговото време во Сити

По десет значајни сезони минати во екипата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна што е н…