Дома Фудбал Сериозни избори по 17 години: Перез доби голем конкурент за претседателската позиција

Сериозни избори по 17 години: Перез доби голем конкурент за претседателската позиција

Во Реал Мадрид за прв пат по 2009 година ќе се одржат избори за претседател на кои Флорентино Перез ќе има противкандидат.

Перез тогаш повторно застана на чело на мадридскиот гигант и оттогаш практично немаше вистинска опозиција, но овојпат негов ривал ќе биде 37-годишниот Енрике Рикелме.

Младиот бизнисмен во последните години изгради сериозно име надвор од фудбалскиот систем Сантијаго Бернабеу и во шпанската јавност се претставува како лицето на можни промени во Реал.

Рикелме стекна големо богатство преку инвестиции во обновливи извори на енергија во период кога тој сектор носеше огромни профити, поради што многумина го сметаат за многу сериозен кандидат и покрај големото влијание што Перез сè уште го има во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо воведе нови правила за играчите на Реал: Тоа е здрав разум

Жозе Мурињо, во својот втор мандат како тренер на Реал Мадрид, се обидува да ја врати дисц…