Дома Фудбал Познато е кои четворица играчи се согласија да го напуштат Реал Мадрид, еден чинеше 50 милиони евра!

Познато е кои четворица играчи се согласија да го напуштат Реал Мадрид, еден чинеше 50 милиони евра!

Реал Мадрид наредната сезона ќе го предводи од клупа Жозе Мурињо и сигурно е дека ќе има доста промени во тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скоро сите играчи имаат договори и клубот се обидува со нив да најде начин да се ослободи од нив за да отвори место за оние кои се потребни за зајакнување на тимот.

Така, биле водени преговори со играчите и четворица се согласија летово да го напуштат Мадрид.

Станува збор за Дани Себаљос, Фран Грасија, Гонзало Гарсија и Франко Мастантуоно.

Фран и Дани Гарсија се деца на Реал и оваа сезона имаа многу шанси да играат. Вредноста на Фран е 12 милиони евра, додека Даниевата е 30 милиони евра. Дани Себаљос има 29 години и оваа сезона играше многу малку, а имаше и конфликт со тренерот па е надвор од тимот веќе некое време. Неговата вредност на пазарот е 8 милиони евра.

Најскапиот меѓу нив е Аргентинецот Мастантуоно кој дојде од Ривер Плејт за речиси 50 милиони евра, но никако не успеваше да го покаже својот целосен талент. Тој има само 18 години и Реал ќе го прати на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Собирал картон на местото каде што живеел и Марадона, сега прави трансфер од 20 милиони евра!

Аргентинскиот дефанзивец Факундо Медина е пред голем трансфер во Бајер Леверкузен. Се очек…