Дома Останати Кошарка НБА Ленард ги предводеше Клиперси до победа, пред Бостон падна и Шарлот (ВИДЕО)

Ленард ги предводеше Клиперси до победа, пред Бостон падна и Шарлот (ВИДЕО)

0

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни четири натпревари.

Лос Анџелес Клиперси славеа на свој паркет против Портланд.

Првото полувреме помина во знакот на домаќините, но во третата четвртина гостите го наметнаа својот ритам, проработи шутот и заостанувањето од седум поени беше претворено во водство од шест поени.

Клиперси во последните 12 минути и успеаа да се вратат во игра постигнувајќи дури 37 поени. Тогаш го свртеа резултатот во своја корист за шста победа во сезоната и скор 6-3. За Портланд ова беше петти пораз, трет во низа имаат скор од 3-5.

Клиперси во овој натпревар ги предводеше Каваи Ленард со 27 поени, 13 скокови и четир асистнции. Ленард со поен помалку го следеше Лу Вилијамс кој додаде и осум асистенции. Кај Портланд со 22 поени најефикасни беа Демијан Лилард и Си Џеј Меколум.

Бостон ја продолжи добрата серија и славеше на гости кај Шарлот со 87:108 за продолжување на низата од пет победи. Селтикс се лидери на западот со скор од шест победи и еден пораз.

До победата против Шарлот ги предводеше Татум кој стигна на чекор од дабл-дабл со учинок од 23 поени, девет поени и една асистенции, него го следеше Хајвард со 20 поени, 10 скокови и шест асистенции. Во таборот на Шарлот најрасположен за игра беше Бриџс со 18 поени, 10 скокови и една асистенција.

Во останатите два натпревари Мајами го победи Феникс (108:124) и Сан Антонио на свој паркет запиша победа против Оклахома 121:112.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

14-годишен фудбалер на Ајакс го „шокираше“ светот (фото)

На социјалните мрежи се појавија фотографии од 14 годишниот фудбалер на Ајакс, Дејвид Исмо…