Дома Фудбал Германија Легендарниот Клосе стана тренер на германски тим

Легендарниот Клосе стана тренер на германски тим

Поранешниот германски напаѓач и најдобар стрелец на светските првенства Мирослав Клосе (46) стана тренер на германскиот тим Нирнберг со кој потпиша двегодишен договор.

Нирнберг минатата сезона заврши на 12. место во конкуренција на 18 клубови во втората Бундеслига.

Клосе се повлече од професионалниот фудбал на крајот на сезоната 2015/2016 и досега ја тренираше само екипата на Алтах од Австрија како главен тренер. Работеше и како помошник во Баерн во текот на 2020 и 2021. Во Баерн беше тренер на тимот до 17 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Почетино задоволен од напредокот на репрезентацијата на САД

Маурисио Почетино е воодушевен од хемијата што се развива во репрезентацијата на САД пред …