Легендарниот Мирослав Клосе со големи зборови зборуваше за Роберт Левандовски.
Левандовски е на вистински пат петта сезона во низа да постигне 40 или повеќе голови. Полскиот напаѓач одлично почна во Баерн и на првите 11 натпревари постигна 15 голови, а дека се наоѓа во одлична форма покажа и во репрезентативниот дрес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред репрезентативната пауза Левандовски се изедначи со Манвред Бургзмилер на четвртата позиција на најдобри стрелци во историјата на Бундес лигата (213 голови).
По повод одличните бројки на Левандовски се огласи Мирослав Клосе, уште еден Полјак (Клосе е по потекло од Полска, но во кариерата избра да го носи дресот на Германија).
„Левандовски и јас? Можеби малку потсетува на мене, но тој е 10 пати подобар играч отколку кога јас некогаш бев. Тој е комплетен напаѓач, силен е и знае да игра со глава. Поседува се што е потребно за еден врвен голгетер“, изјави Клосе.