Френк Лампард ја започна тренерската кариера, преку Дерби дојде до својот поранешен клуб Челзи.
Лампард кариерата во Челзи како тренер не ја започна баш најдобро (пораз од Јунајтед 4:0), но и како играч на почетокот беше лош. Тој ја започна во Вест Хем и после лошите игри на стартот само еден човек го заштити од критичарите – Хари Реднап.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Така во 1996 година Реднап зборуваше се она што другите не го мислеа и на крајот се покажа дека тој бил во право.
„Не би сакал тоа да го кажам пред него, но тој ќе оди до самиот врв. Мислам дека нема сомневање бидејќи има се што е потребно да стане голем играч. Неговиот став е првокласен, има сила, може да игра, дрибла и постигнува голови“, зборуваше тогаш Реднап.
Лампард три пати ја освои Премиер лигата, четири пати ФА Купот и еднаш Лигата на шампионите.
За Челзи постигна неверојатни 147 голови и е една од најголемите легенди на англискиот фудбал.