Дома Фудбал Германија „Левандовски повеќе не мора да тренира – нема што веќе да научи“

„Левандовски повеќе не мора да тренира – нема што веќе да научи“

Големи пофалби на сметка на Роберт Левандовски денес испрати тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман.

Младиот тренер кој од поодамна прави чуда во Бундеслигата е воодушевен од она што Левандовски го прави на теренот. За него Левандовски нема потреба да тренира до крајот на кариерата затоа што повеќе нема што да учи.

„Со сете почит кон сите други, но Роберт Левандовски повеќе нема потреба да тренира. Тој може да направи се, нема што повеќе да научи. Потребно е само да работи физички тренинзи за да биде спремен за викендот“, порача Нагелсман.

Со оваа изјава Нагелсман покажа голема почит кон фантастичниот напаѓач. Тоа не е никакво чудо затоа што Левандовски веќе неколку години наназад игра фантастично и постигнува голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Аматерска грешка на Кепа, Мане не простува🎥

Ливерпул во второто полувреме за само 10 минути го „реши“ Челзи и води со 2:0. Стрелец на …