Дома Останати Кошарка НБА Леброн по историскиот момент: Не сакавме да правиме циркус

Леброн по историскиот момент: Не сакавме да правиме циркус

Екипата на Лејкерс со победа ја започна сезоната во НБА лигата откако ја совлада Минесота со 110:103.

Овој натпревар ќе остане запаметен и по настапот на Леброн Џејмс и неговиот син Брони. Тие станаа првиот татко и син кои настапиле заедно на еден натпревар од најсилната кошаркарска лига.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По натпреварот Леброн призна дека тоа е момент кој никогаш нема да го заборави, меѓутоа сакале да останат фокусирани во текот на мечот.

„Сигурно тоа е момент кој нема да го заборавам, без разлика колку убави спомени имам во минатото. На теренот имавме важна задача и не сакавме да правиме циркус. Не сакам се да се врти околу нас, најважно е што тимот победи“, изјави Леброн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…