Дома Македонски спорт Ларин сепак беше подобар во финалето, Георгиевски се враќа со сребро од Токио

Ларин сепак беше подобар во финалето, Георгиевски се враќа со сребро од Токио

Дејан Георгиевски денес стигна до финалето на Олимписките игри каде што се бореше против најдобриот во оваа категорија Владислав Ларин.

Првата борба како и претходните Георгиевски ја започна претпаливо и таа заврши во корист за Ларин со 2:0.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Во втората рунда се отворија и Георгиевски и Ларин, па видовме удари и на двете страни. Русинот имаше предност од 9:5, а на три секунди пред крајот на оваа рунда Георгиевски со удар со нога намали на 9:7. Со тој резултат се влезе во завршната трета рунда.

На стартот од третата рунда Ларин дојде до 10:7. Во последната минута Георгиевски заостануваше 10:8 и токму во тие моменти дојде еден удар во глава за 13:8. Тоа веројатно и беше одлучувачкиот момент, до крајот Русинот само ја зголеми предноста на 15:8.

Секако дека и овој сребрен медал е голем успех за момчето од Бутел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ЕХФ ја израдува Битола: Еурофарм Пелистер и наредната сезона ќе игра во ЛШ!

Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер и наредната сезона ќе биде де лод Лигата на Шампион…